Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Кривични пријави за „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“ во Куманово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kumanovo

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Б.(54) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“ и против В.Л.(65) од Куманово и О.П. (59) од Кратово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“. И.Б., како инвеститор на градба, во текот на 2001  година, без одобрение за градење, изградил приземен деловен објект од 139 метри квадратни на Плоштад „Маршал Тито“ во Куманово, на земјиште сопственост на РСМ. Во периодот од 2001 до 15.04.2019 година редовно го давал под закуп на други лица или го користел лично за обавување на угостителска дејност, со што противправно прибавувал материјална корист, а во наведениот временски период не вршел плаќања за користење на јавната уредена површина и на тој начин се стекнувал со противправна имотна корист од околу 62.550 денари месечно. Односно, за наведениот период, се стекнал со противправна имотна корист од околу 13.697.650 денари (неплатен надомест за комунална такса), оштетувајќи ги буџетите на општина Куманово и на РСМ.

В.Л., како службено лице - раководител на Секторот за инспекциски надзор - Инспекторат при општина Куманово, од 2005 година, па сè до нејзино пензионирање до 07.05.2018, пропуштила должен надзор, не презела никакви мерки за да се спречи или отстрани бесправната градба и не покренала никаква постапка против инвеститорот на градбата.

— реклама —

О.П., како службено лице - инспектор во Секторот за инспекциски надзор - Инспекторат при општина Куманово, иако извршил надзор над објектот во 2017 година, при што донел Решение и констатирал неправилности на урбана опрема - настрешница, не извршил надзор над целокупниот објект, со што пропуштил должен надзор и несовесно постапил во вршењето на своите работни задачи, овластувања и должности, бидејќи не презел никакви мерки за постапка за отстранување на бесправната градба и не покренал никаква прекршочна или кривична постапка по Законот за градење против инвеститорот на градбата.

— реклама —

 

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања