Промени тема
Контакт
Група Везилка Душа калдрма:Залудно е да се напијам Grupa Vezilka Dusha kaldrma, Zaludno e da se na
Група Везилка Душа калдрма:Залудно е да се напијам   Grupa Vezilka Dusha kaldrma, Zaludno e da se na

Кривични пријави за браќата од Велес кои нападнаа и се обидоа да убијат полицаец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pistol_001

СВР Велес поднесе кривична пријава против Џ.К.(32), М.К.(33), О.К.(29) и 15-годишен малолетник, сите од Велес, поради постоење основи на сомнение дека првопријавениот сторил кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „убиство во обид“, поради постоење основи на сомнение дека второ и третопријавениот сториле кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „помагање во врска со убиство во обид“ и поради постоење основи на сомнение дека четвртопријавениот сторил кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие”.

— реклама —

На 02.02.2020 пред црквата „Св. Спас“ во Велес, пријавените физички нападнале полициски службеници, кои извршувале службени дејствија - спречување и откривање на сторители на кривични дела „кражби“ и „тешки кражби на дрзок начин“. Притоа, Џ.К. му го одземал службениот пиштол на еден од полициските службеници и испукал кон него три куршуми, нанесувајќи му прострелни рани, додека малолетното лице го спречувало другиот полициски службеник во вршењето на службените дејствија. 

— реклама —
— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања