СВР Велес поднесе кривична пријава против В.С.(36) од село Оморани, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против В.К.(54) од Велес - вработена во Шумско стопанство „Бабуна“ како шумски техничар - референт по превоз, Р.Х.(54) од село Бузалково вработена во Шумско стопанство „Бабуна“ како шумочувар, Н.П.(42) од Штип – вработен во ШС „Бабуна“ како референт по сеча и дотур поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против Г.Ц.(23) од село Ржаничино, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поттикнување“.
Во текот на 2018 година првопријавениот, како самостоен техничар во ШС „Бабуна“, на петтопријавениот му издал две одобренија за сеча на вкупно 85 кубни метри огревно дрво од парцела во атар на село Џидимирци и покрај тоа што знаел дека на наведената парцела има околу 19 метри кубни огревно дрво. По ова, второ, трето и четвртопријавениот, со пропуштање на должен надзор при сеча, дотур и жигосување на огревно дрво од страна на петтопријавениот, му овозможиле на истиот да исече и превезе 56,65 кубни метри огревно дрво, со што се стекнал со противправна имотна корист на штета на Буџетот на ЈП „Македонски Шуми”.