Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Кривични пријави за повеќе лица, едни издавале други закупувале платформа - тераса, а трет бил сопственик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

dogovor-12

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал, до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.И.(64), Д.Ј.(66) и Д.В.(46), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353, а во врска со член 45 од Кривичниот законик.

— реклама —

А.И. и третопријавениот Д.В., управители на Друштвото за услуги и трговија „ТЦ БИСЕР“ ДООЕЛ од Скопје и второпријавениот Д.Ј., Претседател на „Здружение на сопственици на деловен простор за одржување на ТЦ Бисер “ од Скопје, во периодот од 2013 до 2018 година, сукцесивно во повеќе наврати, во име и за сметка на правното лице Друштво за услуги и трговија „ТЦ Бисер “ ДООЕЛ од Скопје, како закуподавач, склучиле „Договори за издавање под закуп за користење на површина на дел од платформата- терасата“ со 16 правни лица-закупци за вршење дејност надвор од деловен простор за различен временски период, површина и цена за користење на просторот по метар квадратен, иако знаеле и биле свесни дека Друштво за услуги и трговија „ТЦ Бисер “ ДООЕЛ од Скопје не е сопственик на површините кои се предмет на склучените договори за давање под закуп. Врз основа на склучените договори и по основ закупнина правните лица на сметка на ДУТ „ТЦ БИСЕР“ ДООЕЛ Скопје уплатиле вкупно 10.052.285 денари.

— реклама —
— реклама —

Првопријавената во вкупно 36 наврати склучила исто толку договори за издавање под закуп за користење на површина на дел од платформа- тераса со 12 правни лица како закупци.

— реклама —

Второпријавениот во два наврати склучил договори, додека третопријавениот сукцесивно во вкупно девет наврати склучил исто толку договори за издавање под закуп за користење на површина на дел од платформа- тераса.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања