Kривични пријави за три лица од Токсикологија, ја злоупотребиле службената положба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
toksikologija

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три физички лица, од кои првопријавениот – организациски директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија Скопје, второпријавениот – управител на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје и третопријавената – службено лице во Агенцијата за лекови и медицински средства, поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување, поттикнување, фалсификување службена исправа и несовесно работење во службата“.

— реклама —

– Првопријавениот со својство на организациски директор на ЈЗУ Клиника за токсикологија – Скопје во текот на 2016 година, потикнат од второпријавениот во својство на управител на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје ја искористил службената положба и овластување на начин што спротивно на Законот за јавни набавки, без да постапи целосно по Решението за давање согласност на Советот за јавни набавки, иако знаел дека Клиниката нема потреба за набавка на медицинска опрема, објавил оглас за набавка на медицински средства во кој дефинирал набавка во еден неделив предмет и технички спецификации, кои упатуваат на конкретно производство, со што ја ограничил конкуренцијата, а со цел фаворизирање на економскиот оператор Уни – Медикал ПСТ Скопје, по што на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје како единствен понудувач му овозможил да се стекне со противправна имотна корист во износ од 3.542.317 денари, а воедно пријавените предизвикале и штета на буџетот на Клиниката во износ од 942.315,00 денари – се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.

— реклама —

Второпријавениот во својство на управител на правното лице Уни-Медикал ПСТ Скопје со намера да изврши продажба на медицинското средство и да се стекне со противправна имотна корист во истиот период во Агенцијата за лекови и медицински средства употребил исправа со невистината содржина на начин што внел невистинит податок за потеклото на медицинското средство.

— реклама —

Третопријавената, пак, во својство на службено лице несовесно постапила во издавањето на Одобрението за увоз на медицинското средство, односно изготвила и одобрила Одобрение за увоз на медицинско средство чиј производител не е регистриран во регистарот на медицински средства, како и не е извршено запишување во регистар на медицински средства што се води во земјава, со што на правното лице Уни – Медикал ПСТ Скопје му овозможила да изврши увоз и продаде медицинско средство во вкупна вредност од 6.115.468 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања