Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Кривични против поранешните градоначалници на Македонски Брод и Пехчево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
policija-123

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против М.В.(60) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. На 03.03.2017 година пријавениот како градоначалник на општина Македонски Брод, по претходно склучен договор за јавна набавка на услуги помеѓу општина Македонски Брод и фирма од Охрид, исплатил фактура од 277.300 денари на наведеното правно лице, и покрај тоа што истото не ги исполнило обврските од договорот, така што била нанесена штета на буџетот на општина Македонски Брод.

— реклама —
— реклама —

 

— реклама —
— реклама —

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Делчево поради постоење основи на сомнение за  сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”. Во текот на 2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Пехчево, без да спроведе постапка за јавна набавка, склучил договори за сервисирање на улично осветлување со две физички лица од Пехчево, со што истите се стекнале со противправна имотна корист од 76.000 денари на штета на буџетот на општина Пехчево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања