Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Кривични за физичко и правно лице поради фалсификување исправи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dokumenti

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С. (56) од Куманово, и Друштво за производство, трговија и услуги ПЕТРОС ДОО Куманово, за сторени кривични дела „фалсификување исправа“  и против М.М. (55) од село Ропаљце, Липково, за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

На 14.07.2019 година, првопријавениот, вработен во пријавеното правно лице, со намера за стекнување на противправна имотна корист за правното лице, работел надвор од пропишаното работно време во истото правно лице, при што му овозможил на  Е.И. вработен во правното лице Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги АФРИМ-КОМЕРЦ ДООЕЛ увоз-извоз со седиште во село Ропаљце, Општина Липково, со товарно возило марка „МЕРЦЕДЕС –БЕНЗ“ без присуство на одговорно лице да натовари и изнесе минерални суровини, без да биде  издадена кантарна белешка за истото, со што пријавеното правно лице постапило спротивно на одредбите од  Законот за минерални суровини.

— реклама —

По ова, на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, при извршена контрола од полициски службеници, товарното возило кое било натоварено со минералните суровини, било одземено, додека возачот Е.И. бил приведен за натамошна постапка. Од страна на третопријавениот вработен во правното лице Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги АФРИМ-КОМЕРЦ ДООЕЛ увоз-извоз со седиште во село Ропаљце, Општина Липково била доставена Испратница со невистинита содржина од 14.07.2019 година, која била неовластено издадена од  првопријавениот, додека третопријавениот се потпишал на местото од возачот, при што во истата била наведена количина на суровини.

— реклама —

По преземени мерки и извршен увид во Книгата за водење на произведените количини на минерални суровини констатирано дека на 14.07.2019 година не е евидентирана предметната продажба на минерални суровини.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања