Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кривични за петорица скопјани кои продавале дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
6

Пет лица од Скопје добија кривични пријави затоа што продавале дрога.

— реклама —

- СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ш.(46), Е.Т.(30), А.З.(19), Р.И.(39) и Г.Н., сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, информира МВР.

— реклама —

Како што соопшти МВР, во периодот од 10.11.2022 до 25.12.2022, М.Ш. на повеќе лица корисници им продавал амфетамин и марихуана, Е.Т. продавал кокаин, марихуана, амфетамин и хашиш, додека Г.Н. посредувал во продажба на амфетамин, кој го купил од М.Ш.. Р.И., која живела заедно со М.Ш., прикривала предмети кои потекнуваат од кривично дело.

— реклама —

На 25.12.2022, полициски службеници извршиле претрес и преглед во возилото на М.Ш., при што пронашле и одзеле пари, нож и бела грутчеста материја. Исто така, на 25.12.2022 извршен бил преглед на Е.Т. и А.З. и во возилото во кое се превезувале, при што кај Е.Т. биле пронајдени и одземени марихуана, пари и други предмети, додека кај А.З. биле пронајдени и одземени нож и мобилен телефон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања