Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Кривичниот суд му го одзеде пасошот на Златковски, опфатен со истрагата за „Фризерница“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
gfrizer

Кривичниот суд одлучи да му го одзеде пасошот на сопственикот и управител на фризерницата „В.Е.З. Трејд“, Зоран Златковски, кој е опфатен со истрагата на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Одбраната на Златковски пред судот не се противела на изрекување на мерките што ги побара обвинителот кој го води случајот. Тој сега има обврска и повремено да пријавува во судот, а доби и забрана за преземање одредени дејствија, објави А1ОН.

За мерките што ги бара Обвинителството за разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, и поранешниот надворешен соработник во Националната агенција, Александар Гочев, ќе се одлучува наредните денови.

— реклама —

Обвинителството во петокот достави предлог до кривичниот суд, во кој за тројцата осомничени побара да им бидат изречени мерки за претпазливост, со цел обезбедување присуство и непречено водење на кривичната постапка.

Истиот ден, Управниот одбор донесе одлука за разрешување на Лидија Димова. Предметот е во фаза на истрага, по што обвинителот ќе донесе одлука дали ќе има судска постапка.

— реклама —

Текстот во целост на: А1ОН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања