„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Кривично-правна одговрност за непочитување на полицискиот час

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
POLICISKI-CAS

Со Одлука на 25 седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 21 март, на подрачјето на целата држава се воведува забрана за движење на населението во временски период од 21:00 – 06:00 часот, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението. Забраната стапува на сила денеска.

— реклама —

Од кривично правен аспект, Јавното обвинителство ја известува јавноста дека непочитувањето на забраната за движење значи извршување на кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

Имено, за ова кривично дело се одговара кога за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не се постапува според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување.

— реклама —

За ставот 1, за кој е пропишана одговорност на физичко лице, предвидена е парична казна или затвор до една година, а во ставот 2, ако делото го стори правно лице, пропишана е парична казна до 30 милиони денари.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања