Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кривина пријава за „даночно затајување“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

mvr

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.А.(35) село Чифлик, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „даночно затајување“ и против Т.С.(59) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во текот на 2015 првопријавениот, како управител на стовариште за продажба на дрва од Тетово, изготвил лажна документација и ја употребил во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во прилог на барањето за добивање на решение за промет на дрва и дрвни сортименти.

— реклама —

По ова, за да избегне плаќање за репродукција на шума, во наведеното министерство во три наврати приложил испратници, со ист датум и број, за продажба на огревни букови дрва на физички лица. Додека, пак, на 13.08.2015 второпријавената, како инспектор во државен инспекторат за шумарство и ловство, при инспекциски надзор на наведеното стовариште, без да изврши соодветно мерење на просторот, донела заклучок дека ги исполнува условите за добивање на решение за склад на дрва и дрвни сортименти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања