Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Криза има, но Ковачевски да каже кој е планот на Владата за сиромаштијата во која ја турнаа земјата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
299917758_610582814115905_5041131958077706406_n

Димитар Ковачевски и власта живеат во луксуз и раскош на државна сметка, додека граѓаните живеат во сиромаштија и беда, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Во услови кога граѓаните се соочуваат со галопирачка инфлација, цените на прехранбените производи и нафтените деривати вртоглаво растат, владата ја зголеми цената на струјата за граѓаните за 50 процени.

Поради неспособноста на антимакедонската СДС и Ковачевски граѓаните сега ќе плаќаат дупло поголеми сметки, бидејќи власта ја направи Македонија со најскапа струја во Европа.

— реклама —

И згора на тоа, наместо антимакедонската СДС и Ковачевски да им понудат помош на граѓаните, најавуваат ново покачување на струјата, што дополнително ќе удри по џебот на граѓаните.

Владата и Ковачевски удираат и врз бизнис секторот.

Секаде во светот бизнис секторот се помага во време на криза од страна на државата, а само во Македонија со Ковачевски и антимакедонската СДС приватните компании се на удар.

— реклама —

Нека каже антимакедонската СДС и Ковачевски што ќе преземе за состојбата во која ја донесен државата поради нивниот криминал.

Имено, споредбено со лани, бизнис секторот сега плаќаат и по 400 проценти поскапа струја, односно двојно повеќе од фирмите од околните држави. А, за тоа говори и официјалната статистика на ЕВРОСТАТ.

— реклама —

Поради катастрофалните и штетни политики на владата на антимакедонската СДС и Ковачевски се отпуштаат се поголем број на работници, се затвораат фирми, а и тие што успеале да опстанат се на работ на банкрот.

Ковачевски и антимакедонската СДС ја поскапеа цената на струјата за да може мафијата блиска да власта да ги полни сопствените џебови.

Антимакедонската СДС и Ковачевски ја клекнаа Македонија на колена.

— реклама —

Антимакедонската СДС и Ковачевски ги осиромашуваат граѓаните.

Оваа влада мора да падне.

Излез се предвремени парламентарни избори веднаш“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања