„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Криза во автомобилската индустрија - Виктор Мизо вели кај нас работниците не ги отпуштаме, ќе ги кратиме трошоците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mizo-stopanska-komora

Тропна ли кризата и на вратата од странските автомобилски компании во државата? Со оптимизација на производството и рационализација на трошоците, странските компании од автомобилската индустрија во земјава ќе се обидат да го амортизираат ударот од рецесијата на глобално ниво.

— реклама —

-По растот од 28 години во Кина оваа година има намалување помеѓу 12 и 13 отсто во продажбата на возила, во Индија тоа намалување е уште подрастуично и изнесува од 25 до 30 отсто во продажбата на месечно ниво во однос на минатата година. Оние земји кои беа главните двигатели во зголемување на побарувачката на автомобили БРИКС земјите имаат една целосна инверзија. Бразил беше единствената земја каде што се продаваа помалку возила сега таму се продаваат повеќе возила, додека во Кина, Русија, Индија и Јужна Африка намалувањето е драстично. Најмногу погодени се премиум производителите на возила каде има поголем пад на продажбите, вели претседателот на Асоцијацијата, Виктор Мизо.

Според него, причините за ваквиот пад на продажбата е глобалната трговска војна помеѓу Кина и САД, потоа несигурноста во врска со тоа што ќе се случи со Брегзит, регулативата околу емисии на јаглерод диоксид, регулативите за електрификација, економското успорување на некои светски економии и другите алтернативи за возила.

— реклама —

Но, ова, според Мизо, не значи и дека некој од компаниите во земјава ќе отпушта вработени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања