Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Крмов ќе треба да плати 9.600 евра за искршените собраниски монитори, Апасиев: Декшавајте ако биле златни, не знаевме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2023-11-20-at-16.28.13

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, ќе треба да плати 9.600 евра штета на Собранието, објави првиот човек на партијата, Димитар Апасиев. Ова доаѓа откако Крмов искрши дел од собраниската опрема во пленарната сала, со цел, да ја спречи седницата на која амандманите на Левица беа одбивани, за сметка брзо да се донесе новиот Собраниски деловник. Апасиев за ова напиша свој став, преку кој направи и компарација.

„500 навивачи на Артан Груби го демолираа МНТ - штета 4.000 ЕУР. Еден пратеник на Левица искрши четири монитори - штета 9.600 ЕУР!? Ауууу, ј**оте. Декшавајте ако биле златни, не знаевме“, напиша Апасиев, па додаде „ни чекор назад“.

— реклама —

Апасиев коментурајќи на социјалните мрежи најави тужење и барање за супервештачење за да се утврди точниот износ на штетата.

— реклама —

Пред една недела, Крмов искрши дел од собраниската опрема и фрлаше со хартии кон потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски. Точката која се разгледуваше беше носењето на новиот Деловник. Потоа, Собранието формираше комисија која ја утврдуваше штетата. На увид беше и полицијата.

— реклама —

Сега, оштетата треба да ја плати Крмов, кој во гостување на поткаст кажа дека тоа не е проблем, колку што е проблем новиот Деловник кој овозможува брзо гласање на сите закони, по скратени рокови, без опозиција и можност за филибастеринг.

Screenshot-2023-11-20-at-15.43.50

Полиција влезе во Собранието за увид: кршењето ќе удри по џебот на Крмов

Пратеникот од Левица, Борислав Крмов, сам ќе треба да ја плати штетата направена во пленарната сала на Собранието, каде вчера кршеше опемра бидејќи потпретседателот Горан Мисовски не сакаше да ја прекине седницата. Утрово, биле повикани екипи од МВР, кои правеле и го завршиле увидот.„Во моментов се врши проценка од страна на собраниска комисија, осигурителна компанија и Бирото за судски вештачења. После тоа ќе знаеме точно за висината на штетата“, велат од Собранието.Ова не е првпат да се крши во Собранието. Изминатите години имаше повеќе вакви ситуации каде дури и се фрлаше со шолји за кафе.

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања