Промени тема
Контакт

Крмов: Левица поднесе предлог законски измени за апанажа на работниците и поголема субвенција за студентски оброк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Borislav_Krmov_Levica_vo_parlament

Прес-конференција на пратеникот на Левица, Борислав Крмов:

„Нашиот прв обид за укинување на апанажата на функционерите не успеа, затоа што очигледно политичката класа во Македонија мисли дека е избрана за народот да ја издржува, наместо да му служи на народот. Затоа ова е обид да ги изедначиме условите за добивање апанажа на функционер со условите за добивање апанажа на обичниот работник.

— реклама —

Во постоечкиот закон има околу десеттина таксативно наброени услови за обичниот работник да добие апанажа после добивање на отказ, додека за функционерите тоа практично не постои!

Ние со овој закон тоа го корегираме и тие услови се отстрануваат и остануваат само три услови, кои важат и за функционерите.

— реклама —

Дополнително, поднесуваме нов предлог-Закон за измена на Законот за субвенциониран студентски оброк. Постоечкиот закон, кој е донесен 2020 година, треба да се корегира затоа што кризата се продлабочи. Студентите моментално добиваат 120 денари дневно, што е околу 2.400 денари месечно.

— реклама —

Со нашата измена, тоа се покачува за 30 денари, што значи 150 денари дневно и отприлика 3.000 денари месечно. Ние знаеме дека е мало покачувањето, но поголемо покачување сметаме дека ќе биде одбиено од власта.”

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања