Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Крст на црковно земјиште ги вознемири ДУИ и Општина Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
834562-MKD.MK_

За поставениот 15 метарски крст на имотот на манастирската црква „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка реагираа политички партии и Општина Тетово.

Советничката група на ДУИ одржа прес-конференција и побараа образложение од Општина Тетово за поставувањето на крстот.

— реклама —

-Бараме првиот човек на општината да биде на седницата за да ни се даде образложение како е поставен тој крст таму, изјави Лиридон Диша, општински советник на ДУИ за медиумите на албански јазик.

— реклама —

Општина Тетово испрати соопштение до јавноста во кое вели дека општинските инспектори биле на терен за да ја проверат фактичката состојба и да извршат проценка, според која ќе бидат преземени законски мерки за гарантирање на целосно спроведување на правилата и процедурите.

— реклама —

-Општина Тетово сака да даде појаснување околу поставениот крст на Попова Шапка. Истиот е поставен без соодветна дозвола. Општина Тетово во овој случај ќе ги почитува сите законски процедури, како што тоа го правеше и досега, велат од Општина Тетово.

За случајот реагираа и од општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ од каде најавија итна седница „по повод притисоците на институциите предводени од ДУИ и СДСМ насочени кон кршење на Уставот и правото со кое се гарантира слободата на вероисповеста и изразување на верата на Македонците во Тетово“.

„Сметаме дека неовластеното и спротивно на закон присуство на бројни државни институции во црквата Свети Наум Охридски на Попова Шапка е директен притисок насочен кон создавање на тензии помеѓу граѓаните“, се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово.

Црквата е изградена во 1993 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања