„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Крстевски не разговарал за градоначалничката функција во Кочани: Владата прво треба да каже дали ќе има избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-03-31-at-11.32.51

Венко Крстевски, кој втор мандат е независен советник во Општина Кочани, вели дека нема со никого разговарано за да биде кандидат или в.д. градоначалник. Тој посочува дека за информацијата дека тој се споменува како можен кандидат, ја дознал од медиумите.

— реклама —

„Нема ништо официјално, утре има седница на Влада и од таму треба да кажат прво дали ќе има избори или ќе се бира од редот на советниците. Инаку со никого немам разговарано“, вели Крстевски за „Скопје1“.

Инаку, Крстевски е едно од лицата кое беше во дискотеката „Пулс“ кобната вечер. Тој за „Претрес со Ландов“ раскажа детали. Посочи дека стоел до сопственикот на објектот, па просведочи за тоа дека пожарот се гаснел и со погрешен ПП апарат, што направило дополнителна штета.

— реклама —

nxtKCaGGvlM
?t=3006

Тој во „Претрес“ раскажа и за дивоградбите кои ги има градот. Посочи дека станува збор за необезбедни објекти, кои според него се опасни и можат да допридонесат да се случи нова трагедија како во дискотеката. Според него, пицериите во центарот на градот, кои работат со плин, ако се запалат, може да изгорат цели згради во кои се сместени.

xakumsUJJrA
?t=3798

Според Законот за локална самоуправа, по оставката на градоначалникот, треба да се извести Министерството за локална самоуправа, а пак министерот да ја извести Владата во рок од 15 дена. Советот пак, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на одлуката на Владата за распишување на нови избори, ќе избере еден од членовите на советот кој ќе ја врши должноста на градоначалникот до изборот на нов градоначалник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања