„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Крстевски: Хаос во Кочани , школите и претпријатијата тонат во долгови, намалени плати на медицинарите кои кобната ноќ спасуваа животи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

— реклама —

В.Д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, кој беше избран по оставката на дотогашниот Папазов кој по трагедијата во дискотеката Пулс даде оставка и е дел од истрагата, на ФБ дава одговор на прашањето кое му го поставувале: Знаеш ли на што си се нафатил?”

— реклама —

Еве го неговиот одговор:   

„Општина Кочани еден месец БЕЗ Градоначалник и Секретар, општинските инспектори под мерки за претпазливост, финансиските служби под тотално непотребна репресија, лоша клима за работа.

КЈП Водовод Кочани две недели БЕЗ Директор и три месеци БЕЗ Технички, ДОЛГ над ТРИ милиони евра, дефицитарен кадар во делот на оперативци и општ хаос создаван со децении.

Школите тонат во долгови, над 200 деца во предучилишна возраст чекаат ред за запишување во градинка.

Територијалната противпожарна единица со број на вработени НА ПОЛОВИНА од ЗАКОНСКИОТ МИНИМУМ, опрема лимитирана, возен парк дотрајан во лоша кондиција и просечна старосна граница од 46 години.

Полициска станица Кочани поради сите настани, суспензии, истраги, реално не е ниту на 20% од капацитетите.

ЈЗУ Општа Болница Кочани нема елементарни услови во делот со опрема, а ИМА страшно нарушени меѓучовечки односи поради разместувања во рамките на самата институција, намалена плата на неколку лица кои беа на првите борбени редови во кобната ноќ и спасија стотина животи (поради користење на боловање).

Ќе си дозволам да цитирам еден голем идеолог ‘Јас имам сон!’.

Ве повикувам и охрабрувам да дадете придонес за остварување на овој сон, кој верувам дека е желба на сите млади и возрасни жители на Кочани.

Споделете го овој статус сите кои можете, за да дознае цела јавност.”

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања