Крсто Мукоски до Катица Јанева: Госпоѓо на што личи ова, вие не живеете во реален свет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
krsto-mukovski

Додека се се погласни гласините дека 8-те пратеници ќе го поддржат новиот закон за ЈО со кој ќе треба да се основа новото СЈО, на социјалните мрежи се споделува видео од говор на пратеникот Крсто Муковски од 2016 година, кога тој беше дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а подоцна беше исфрлен од партијата.

— реклама —

Муковски во 2016 година велеше дека нема да ја поддржи работата на СЈО, а со тоа, се поставува прашањето, дали сега ќе гласа за формирање на новото обвинителство кое ќе треба да го замени СЈО.

— реклама —

„Се обидов да го кажам тоа што од душа го мислев. Госпоѓо Катица Јанева никој од ова Собрание нема намера да ве навреди. Сите ние чувствуваме обврска да на вас ви поставиме прашања кои го мачат народот. Госпоѓо, вие сте создадени од овие 115 пратеници, а ние сме создадени од македонските граѓани, без разлика сме од ВМРО или СДСМ. Со вашиот досегашен однос кон јавноста, со вашите извештаи, госпоѓо на што личи ова, 16 страни имате, ги броев, 6 страни имате кажувате како сте имале потешкотии да се преместите од една улица на друга улица. Па госпоѓо не се условите царски за да дадете квалитетен извештај.

— реклама —

Застанете работете според правото и правдата. Не оправдавте никакво очекување. Ниту со стручност, ниту со домаќинско работење. Крсто Мукоски нема да даде никаква поддршка ниту за вас, ниту за СЈО, јасно и гласно кажувам, рече Мукоски во своето обраќање до Катица Јанева во 2016 во Собранието на државата.

Во продолжение видеото од обраќањето на Мукоски:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања