Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

„Крстот нема да падне“ - Ангелов остро кон Касами и Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
angelov-5123512

Директорот на Центарот за управување со кризи и прв човек на партијата „Достоинство“, Стојанче Ангелов, изјави дека крстот на Попова Шапка нема да падне, откако Општина Тетово објави дека е донесена одлука за негово уривање.

„Со оглед на досегашната динамика на рушење на бесправно изградени објекти во Тетово и тетовско, крстот на Попова Шапка никогаш нема да дојде на ред. Во меѓувреме, за граѓаните на Тетово, далеку покорисно би било кога градоначалникот Касами наместо со крстот на Попова Шапка би се зафатил со чистење на натрупаното ѓубре низ градот. Да живееш под преубава планина а да дишеш отров е парадокс од невидени размери. Затоа наредната работа која му ја препорачувам на градоначалникот Касами е да се зафати со барање долгорочно решение за надминување на штетите и опасностите од загадениот и канцероген воздух кој секојдневно го дишат жителите на овој регион“, вели Ангелов.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања