Промени тема
Контакт

Крстовден во Рајчица: Вечерна богослужба во сабота, архиерејска литургија во недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarya11porck5roq5y7qqpk

Во Манастирот Рајчица, посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, викендов со свечени богослужби ќе биде одбележан големиот христијански празник Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст Господов – Крстовден.

Од манастирот информираат дека празнувањето ќе започне во сабота, 26 септември, во 18 часот, со свечена празнична вечерна богослужба, на која молитвено ќе претстои старецот на Обителта, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј.

На крајот од вечерната богослужба, проследен со стиховите од празничниот тропар, ќе биде изнесен крстот во кој има честичка од Чесното Дрво, по што повторно ќе биде внесен во олтарот.

— реклама —

Централното одбележување продолжува во недела, 27 септември. Утрената богослужба ќе започне во 7:30 часот, а на нејзиниот крај од олтарот ќе биде изнесен сребрениот филигрански крст, во кој се поставува крстот со честичка од Чесниот и Животворен Крст. Во текот на годината тој се чува во големиот кивот на Бигорскиот манастир.

— реклама —

По чинот на Воздвижението на Крстот, верниците ќе имаат можност да се поклонат пред Чесното Дрво.

Во 9 часот ќе започне Светата архиерејска Златоустова литургија, со која ќе чиноначалствува Епископот Антаниски г. Партениј.

— реклама —

Од Манастирот Рајчица ги повикуваат верниците заеднички да го одбележат празникот и да учествуваат во богослужбите посветени на Воздвижението на Чесниот Крст.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања