Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Кружно патување на монахот“ на филмскиот фестивал Кустендорф

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
poster-the-monk-small

Анимираниот филм "Кружно патување на монахот" во режија на Жарко Иванов е во официјалната селекција на филмскиот фестивал "Кустендорф".

— реклама —
— реклама —

Ова е 12то издание на фестивалот чиј директор и селектор е Емир Кустурица. Од вкупно пристигнати над 700 филмови, во официјалната конкуренција за награди ќе се натпреваруваат 21 филм. На изминатите изданија на фестивалот специјални гости биле Џони Деп, Моника Белучи, Никита Михалков, Паоло Сорентино, Ким Ки Дук, Абел Ферара, а на овогодинешното издание специјален гостин на фестивалот ќе биде холивудската ѕвезда Мет Дилон кој во последната улога глуми сериски убиец во контроверзниот филм на Ларс Фон Триер, "Куќата што ја изгради Џек".

— реклама —

"Кружно патување на монахот" е приказна за млад осамен монах кој црта фрески во манастирот Заум во Охрид, и по прикажувањето на најголемиот светски фестивал за анимиран филм во Хирошима, до сега е прикажан на 25 меѓународни фестивали и со освоени 6 награди. Сценаристи на филмот се Жарко Иванов и Александар Прокопиев, директор на анимација Крсте Господиновски, музика Оливер Јосифовски и Љубојна, во продукција на Флип Бук, финансиски поддржан од Агенцијата за филм на РМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања