„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Крвава пресметка и пукање во Тетово - две лица погодени од куршуми, едното во тешка состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-01-11-at-19.21.57

Крвава пресметка со пукање имало во Тетово, дознава „Скопје1“. Според првичните информации има тешко повредени лица. Едното лице кое е погодено, е во тешка состојба и итно пренесен со Брза помош во Клиничкиот центар во Скопје.

— реклама —

„Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани. Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот. Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“

Ова се втори пукотници во Тетово за две недели. Претходно, во Челопек, 60-годишен маж уби двајца роднини, а едно лице рани. Причината беше имотно-правни односи.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања