Крвава тепачка со безбол палка поради сообраќајна незгода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Вчера околу 21.00 часот на улица „Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила.

— реклама —

Додека С.М.(51), С.М.(20) и К.М.(24), сите од Скопје, туркале до тротоарот од улицата патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на нивниот сосед К.С.(33) од Скопје, се судриле со патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(37) од Скопје, а сопатници биле две деца на возраст од 16 и 12 години.

— реклама —

По незгодата дошло до вербална расправија и физичка пресметка помеѓу учесниците. Едно непознато лице, кое се вклучило во тепачката, со безбол палка го удрило Б.М. во главата. Б.М. бил однесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а С.М., К.М. и С.М. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен Центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им биле констатирани телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување.

— реклама —

Исто така, било пријавено дека до пристигнување на полициските службеници некое од лицата извадило пиштол и испукало неколку куршуми, но при преглед на затекнатите лица и возила не било пронајдено оружје, чаури ниту оштетени предмети. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања