Промени тема
Контакт

Крвавите сценарија не успеаја, коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса се распадна, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Mickoski-04.06.2022-

Не успеаја крвавите сценарија во режија на Христијан Мицкоски и неговите коалициски партнери Левица и Алијанса за граѓански судир и етнички конфликт, вели СДСМ

— реклама —

„Целата јавност виде како Мицкоски за свои лични цели беше подготвен да ја втурне државата во конфликт.

Човекот кој требаше да има клучна улога се покажа дека е брат на висок функционер на Алијанса за Албанците, кого Данела Арсовска го постави на директорска функција.

— реклама —

По неуспехот се заплеткаа во сопствените лаги, Алијанса вели се бранел, ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта, Алијанса го обвинува ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски прво велеше дека во него пукале, потоа дека пукале во толпата.

— реклама —

Неуспехот на овие мрачни сценарија доведе и до растурање на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците.

Граѓаните да останат смирени, да не подлегнувааат на овие опасни сценарија.

— реклама —

СДСМ и институциите што ги предводи нема да дозволат некој да жртвува луѓе, да разгорува меѓуетнички тензии заради остварување на партиските интереси на Мицкоски и неговите апетити за власт“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања