Еден маж е тешко повреден во пукање кое се случило во утринските часови пред еден кафич во Белград, а еден е избоден со нож во пределот на градите.
Пукањето се случило околу 7:15 часот утрово пред кафичот „Дилема“, кога на маж на возраст од 24 години му било пукано во глава.
Со тешки повреди на главата и мозокот е пренесен на реанимација во Ургентен центар. Докторите се борат за неговиот живот.
Околу 9 часот дошло до инцидент кога маж на возраст од околу 25 години е избоден со нож во пределот на градниот кош.
Според информациите тој бил избоден за време на тепачка и исто така префрлен е на реанимација во Ургентен центар.