Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

КСОМ и возачот на автобусот што удри во жардиниера тврдат дека возилото било технички неисправно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
IMG_4935

Двокатен автобус на ЈСП „Скопје“ вчера околу 14 часот удри и се качи на жардиниера на раскрсницата кај Трговскиот центар „Мавровка“ и Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ во скопски Центар.

— реклама —

Според возачот, несреќата се случила поради техничката неисправност на возилото. Тој ова го кажа на прес-конференцијата која пред управната зграда на ЈСП денеска ја одржаа претставници на Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ), кои посочија дека и покрај неколкуте алармирања, автобусот повторно бил пуштен во сообраќај како исправен.

— реклама —

„Јас го приметив автобусот дека не е исправен. Јас ќе пријавам дефект и утредента истиот автобус го земаме со потпис и печат дека е сервисирано и исправно е за линија. Со години сообраќам на линијата 2-ка, од Сарај до Автокоманда и обратно, ги знам најситните дупки. Таа линија ја возам и мене не може такво нешто да ми се случи. Мене ми побеле коса од волан и сега јас целиот се ежам додека зборувам. Жал ми е за патниците, пред се, кои добија стрес и за мене исто така“, рече возачот на автобусот.

Според претседателот на КСОМ, Марјан Ристески, директен виновник на вчерашната несреќа е градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

— реклама —

„Замислете доколку такво нешто се случело тогаш, затоа што се работи за технички проблем на автобусот, додека шоферот максимално направил што можел“, вели Ристески.

— реклама —

Ристески вели дека за конкретниот автобус неколкупати било пријавувано дека е технички неисправен, но и покрај тоа бил пуштен во сообраќај, а пред извесен период, како што рече, го користеле на линија до Водно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања