Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Куче починало 15 минути по неговиот сопственик кој боледувал од рак

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
stjuart-i-nero

Уште кога во 2011 година Стјуарт Хачисон бил дијагностициран со тумор на мозокот, неговиот лојален француски булдог, по име Неро, постојано бил покрај него.

— реклама —

Кога младиот пациент болен од рак починал на возраст од само 25 години на 11 август 2019 година, животот на Неро згaснал само 15 минути подоцна, пишуваат британските медиуми.

Кај Стјуарт бил дијагностициран тумор на мозокот пред 8 години, по што тој бил подложен на операција и хемотерапија со цел да ја лекува тешката болест. Но, карциномот се раширил на неговите коски и се формирал уште еден агресивен тумор.

— реклама —

Стјуарт, кој се оженил со сопругата Даниела (22), во јануари, неговиот двегодишен француски булдог го именувал Неро.

Двојката имала уште две други кучиња, Нала, на возраст од четири години, и Амелија – кутре од Нала и Неро.

Мајката на Стјуарт, Фиона Конахан (52), скршена од болка изјавила:

„Стјуарт почина околу 13:15 часот тој ден, а Неро почина приближно 15 минути подоцна. Имаше три кучиња, но со Неро беа особено блиски“.

„Неро беше кучето кое секогаш беше со него. Даниела е скршена што ги загуби двајцата, но се бори со болката“, додала мајката.

Фиона објаснила дека четири недели пред да почине, Стјуарт од болница бил префрлен во неговиот дом.

„Тој сакаше да умре дома, таму каде што се родил. Се грижевме за него. Го очекувавме тоа. Го очекувавме, но сепак е тешко. Tрауматично e кога конечно ќе се случи“, објаснила мајката, додавајќи дека во текот на последните 4 недели од животот на Стјуарт кај Неро ветеринарите детектирале проблеми со ‘рбетот иако претходно кучето немало никакви здравствени компликации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања