Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

„Кучињата лаат, караванот си врви“: Издадена и дозвола за да никне 17-катница кај Воена болница, Бисера од Култура молчи, градителите ставија табла

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
425380269_713056554298329_6144801431373947421_n

Бунтот на граѓаните и жестоките реакции не го пишманија градоначалникот на Карпош, Стевчо Јаимовски да издаде дозвола за изградба на 17-катница веднаш до Воена болница, каде што е и поликлиниката Букурешт, но и Итната помош. Таблата за т.н. „Рубик тауер“ е веќе поставена, а граѓаните не се откажуваат од понитување на ваквото решение. Во ова свој придонес има и Министерството за култура со кое раководи Бисера Костадиновска-Стојчевска во чија надлежност е институцијата која издава мислења за градење на објекти во заштитена зона.

— реклама —

„Министерството за култура и Бисера Костадиновска Стојчевска нека постапуваат со месеци за нешто што е апла јасно и за што се носи решение за неколку дена макс. Додека тие се влечат и чекаат за да биде прекасно, Стевчо Јакимовски и вработените во општина Карпош си издале одобрение за градење, кое го криеа како змија нозе и според таблата денес станало правосилно. „Во систем го нема“, „постапката е прекината“, „не е издадено“, за Вечер вчера Стевчо вели „јас не издавам градежни дозволи“, а од секторот за урбанизам дека немаат одговор“, велат од граѓанската иницијатива „О2“.

— реклама —

Тие додаваат: „Мафијата си владее“.

— реклама —

„Закони се кршат без око да им трепне, сè е напишано, нацртано за да помине, за да ЛИЧИ законски, а всушност полно со незаконие и силеџиство. И никоја од надлежните институции не реагира. Едните не знаат, другите не се надлежни, третите сакаат, ама не можат, четвртите постапуваат и никако да постапат веќе еднаш, петтите... и секаде мафијата има свои луѓе кои исполнуваат и ја разградуваат структурата на ова што сè уште се нарекува држава. Порано или покасно некој ќе заврши во затвор, некој можеби ќе се спаси, но прашањето кој од сега инволвираните е подготвен да биде жртвено јагне на градежната мафија. И дали се сигурни сите, од службениците во општина до ситните извршители, членови на комисии и големите играчи, дека нема таргетот за превоз до Идризово да биде на нивниот грб.

Ние ќе продолжиме. Па ако не по врат, по шија“, додаваат од „О2“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања