Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

КУД "Дримкол" на ЦИОФФ Фестивал во Пермет, Албанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
unnamed

КУД "Дримкол" Вевчани овие денови македонскиот фолклор и традиција ги презентира пред публиката во Република Албанија во градот Пермет, град во кој датираат зачетоците на фолклорот во Албанија. Од 21 до 24 овој месец се одржува меѓународниот фолклорен фестивал во организација на ЦИОФФ секцијата од Албанија на кој КУД ,,Дримкол” Вевчани е претставник од нашата држава.

— реклама —

- Прв пат сме на фестивал во Албанија и навистина сме пријатно изненадени од целокупната  организација на фестивалот, топлиот пречек и гостопримство кои ни се укажуваат овие денови. Особено не радуваат рекациите на публиката кон македонскиот фолклор кој го прифаќаат со воодушевување и уживаат секоја вечер на отворената летна сцена во центарот на градот, изјавија од канцеларијата на КУД Дримкол. Ова е второ меѓународно гостување овој месец на ,,Дримкол” после гостувањето на детскиот фолклорен фестивал во Краљево, Р.Србија.

— реклама —

По завршување на овој фестивал, КУД ,,Дримкол” продолжува со своите концертни активности на охридско-струшкото крајбрежје и подготовка за учество на Балкански фестивал во Охрид како и подготовки за денови на Македонската култура во Истанбул,Турција.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања