Куќен притвор доби лицето С.Љ. кое Обвинителството го гони за физички напад и закани упатени кон градоначалничката Данела Арсовска. И второто лице, кое има исти иницијали, доби мерки, односно забрана да и се доближува на Арсовска.
„С.Љ., осомничени дека вербално и физички ја нападнал оштетената му се определува мерка куќен притвор во траење од 8 дена, со оглед да се работи за скратена постапка; Додека на второ осомничениот, исто така со иницијали С.Љ, кој се товари дека се заканувал кон оштетената, му се определуваат мерки за претпазливост согласно чл. 146 ст.1 т. 1,2,3 и 6 од ЗКП односно: Забрана за напуштање на живеалиштето, Обврска за повремено јавување во судот, Одземање на патната исправа и Забрана за приближување и контактирање со одредени лица“, велат од Кривичен суд.
Претходно:
Се бара притвор за едно од лицата кои физички ја нападнале Арсовска - познати сите детали од Обвинителството
Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“ по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, по вчерашниот инцидент на улицата „Севастополска“, при кој беше физички нападната градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.Според обвинителството, првоосомничениот маж, кој се претставил како сопственик на нелегален објект во градба, ја навредувал и ѝ се заканувал на градоначалничката, а потоа и физички ја нападнал додека та
Македонија | пред 1 година