Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кумановчани краделе податоци од картички, а потоа пазареле со нив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
kreditni_karticki_1_151010-600x450

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против С.С.(32), Ф.С.(58) и С.С.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

— реклама —

Пријавените во декември 2016 година набавиле банкарски податоци од вистински платежни картички и подтоци за носители на тие платежни картички, при што така изготвените лажни платежни картички ги употребиле како вистински на продажни места во правни субјекти каде тие биле управители.

— реклама —
— реклама —

Пријавениот С.С.(32)во правниот субјект каде е управител изготвил фактури во кои ја наведувал трговската стока и нивната цена, како и име и презиме на купувачот без дополнителни идентификациони податоци. На овој начин тој извршил 64 трансакции од кои девет успешни со вкупен износ од 894.200 денари.

— реклама —

Исто така, пријавените Ф.С.(58) и С.С.(33) во истиот период лажните платежни картички ги употребиле во правниот субјект каде Ф.С. е управител. На истиот начин тие извршиле 11 успешни нелегални трансакции во вкупен износ од 913.400 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања