Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Кумановец чувал делови за патнички моторни возила, за кои знаел дека се предмет на криумчарење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
avtodelovi

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Љ. (48) од село Опае, Липково, и против правното лице Друштво за транспорт, трговија и услуги „Аљ Ауто Централе Еден“ ДООЕЛ Куманово увоз-извоз, со седиште во село Опае, Подружница „Ауто Централе Еден“ Куманово, лоцирана во место викано „Липковска Река“ во село Бедиње,кумановско,  за сторено кривично дело „прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“.

— реклама —
— реклама —

Во 2017 година првопријавениот како сопственик и управител на пријавеното правно лице, со намера да стекне противправна имотна корист, во сервисот на правно лице започнал  да чува и да растура на делови патнички моторни возила, за кои знаел дека се предмет на криумчарење, односно истите биле внесени во Република Северена Македонија со избегнување на царинска контрола и плаќање на соодветните давачки по основ на царина, акциза и данок, со што била нанесена штета на Буџетот на Северна Македонија.

— реклама —
— реклама —

СВР Куманово поднесе кривична пријава против правното лице Друштво за производство, трговија и услуги „Сервис Милевски“ ДООЕЛ Куманово, Н.М.(26), сопственик на наведеното правно лице и М.М.(52), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело „Прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“. Во јули 2018 година, пријавените од непознато лице купиле патничко возило „Мерцедес Бенз“ увезено од Р.Австрија, а откако го растуриле на делови, моторот и другите делови од возилото ги сокриле, додека шасијата ја исекле на два дела и ја натовариле во товарно возило, управувано од С.Б. од Куманово, кој истоварил еден дел во неговиот склад во населба Карпош, и се упатил кон село Стрезовце, со намера вториот дел да го истовари во отпадот за автоделови, сопственост на пријавените. Притоа, на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, од полициски службеници при извршен преглед на товарното возило, бил пронајден дел од шасијата, по возило и остатокот од шасијата, која била оставена на чување во отпадот на С.Б., биле одземени за натамошна постапка, а при извршени проверки во Царинска управа било констатирано дека возилото не е царинето и дека не се платени царинските давачки за увоз, со што била нанесена штета на Буџет на Северна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања