Курц да престане да „пали“ на Балканот, вели Неос

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_2105

Лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП) Себастијан Курц треба да престане да „пали“ на Балканот, истакнаа Штефи Криспер и Даглас Хојс од австриската партија Неос, реагирајќи на интервјуто дадено од поранешниот австриски канцелар за „Танјуг“.

— реклама —

„ОВП, со својот неодговорен пристап, ја загрозува безбедноста на Западен Балкан и Австрија“, велат тие, по изјавата на Курц дека Австрија ќе прифати какво било решение постигнато од Белград и Приштина во дијалог, па дури и промена на границата ако тоа придонесе за воспоставување одржлива стабилност.

— реклама —

„Не треба да се игра со промена на границите по етничка линија, како што замислиле Александар Вучиќ и Хашим Тачи“, предупредува Криспер.

— реклама —

Тој додава дека поддршката на Австрија за таква опција може да доведе до тоа да „националистичките сили“ на Балканот, особено наведувајќи ги босанските Срби под Милорад Додик, го бараат истото, за кое тој проценува дека ќе доведе до дестабилизација на целиот регион.

„Себастијан Курц се залага за неодговорна и опасна надворешна политика“, истакнува Хојс.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања