Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Курти е добредојден и често доаѓа во Република Македонија, вели Груби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
image-175509

Настаните поврзани со посетата на косовскиот премиер Албин Курти на општините Тетово и Чаир, според првиот вицепремиер Артан Груби се провиден патриотизам и фолклор и обид за да се злоупотреби присуството на Курти за придобивање на политички поени.

— реклама —

Тој по посетата на саемот за вработување на „Бехтел и Енка“, одговараше и на новинарски прашања поврзани со актуелната состојба во земјава кои произлегоа по посетата на Курти и обвинувањата на опозицијата за политички прогон и реваншизам.

— реклама —

- Секако дека треба да ги почитуваме институциите во нашата земја. Треба да ги почитуваме и знамето и химната и законските обврски при организација на настани. Сметам ова дека ова што се приредува е театар којшто е апсолутно непотребен. Тоа го прават во недостиг на проекти, во недостиг на идеи. Во недостиг на реализација тие прибегнуваат кон некој лажен фолклорен патриотизам којшто во 2023 година апсолутно е непотребен, изјави Груби.

— реклама —

Тој посочи дека премиерот Курти е добредојден и често доаѓа во Република Македонија, а двата настани имале локален карактер и во организација на двете општини, чии лидери се обиделе го злоупотребат неговото присуство за да се промовираат.

- Тие што го имаа покането Курти и што се обидоа да го злоупотребат за нивна политичко-партиска дневна агенда за да придобијат некој поен. Но, очигледно е дека профитираа, бидејќи името на улицата не е сменето од општината, туку е сменето од градот Скопје и од Владата на Република Македонија. Патот Тетово – Призрен не може да го прави општината Тетово, туку го прави Владата на нашата земја со Владата на Република Косово, рече Груби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања