Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Кузеска: 2 години Влада на Мицкоски- Уништување на македонското земјоделство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library475qlhv5chd5aJkblu8

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Две години Влада на Мицкоски се две години уништување на македонското земјоделство. Нема гранка во земјоделството, нема земјоделец што не нема проблем - сите, и градинарите, и овоштарите, и лозарите, и сточарите, и поледелците, вели Богданска Кузеска од СДСМ.

„За две години ВМРО покажа тотална негрижа за земјоделците, за луѓето кои што се заслужни што имаме храна, за секторот кој може да даде сериозен инпут во извозот и во вкуната економија.

Ветуваа сигурен откуп, загарантирани цени, повисоки субвенции, инвестиции, поддршка за младите земјоделци и заштита на домашното производство.

Ги излажаа земјоделците, нитшо не исполнија.

— реклама —

Откупот на земјоделски производи од малите земјоделци е намален за 46,2%.

Ветија 180 милиони евра финансиска поддршка за земјоделците. Не само што не се 180 милиони евра, туку и ги намалија за 40 милиони евра.

За две години цената на млекото се намали за 10 денари а, субвенциите кај кравите се намалија од 12.000 денари на 8.000 денари

— реклама —

Две години се крши Законот за вино и не се објавува производната цена на грозјето за двете сорти Вранец и Смедеревка.

Две години за лозарите по килограм нема субвенции но затоа две години има за винариите и тоа по 10 денари за килограм грозје.

Ветија поголеми субвенции за пченицата и јачменот но не само што не ги зголемија субвенциите туку дополнително ги условија земјоделците ако сакаат да добијат субвенции мора 30% од производството да биде предадено кај регистрирани откупувачи.

Ветуваа поголема поддршка за малите земјоделци но им ги зголемија минималните прифатливи површини како услов за добивање на субвенции со што голем број на мали земјоделци нема да можат да добијат субвенции.

— реклама —

Не им кажаа на земјоделците дека ќе ја укинат авансната исплата но го направија тоа и сега им должат неисплатени субвенции од 2025 година а законскиот рок за исплата на субвенции до 30 јуни 2026 истекува.

Нема повисок и достоинствен доход за земјоделците - земјоделците, луѓето кои работат од утро до мрак на нива, во фарма, се понижени и осиромашени од оваа власт.

Ветуваа инвестиции од стотици милиони евра во хидросистеми и модерни системи за наводнување „капка по капка“. Ништо нема - капиталните проекти во водостопанството се целосно стопирани.

Нема зголемен сточен фонд. Сточарството во Македонија е пред тотално изумирање, фармите масовно се затвораат поради скапата сточна храна и ниската откупна цена на млекото.

Нема неповратни финансиски средства за младите земјоделци. Нема нови откупни центри.

Нема максимално искористување на европските фондови. Напротив, ВМРО не посрамоти пред Европската унија со скандалозниот криминал со ИПАРД 3, ни блокираа пари, заради тоа што оваа криминална власт посегна по европските пари. Е тоа е ВМРО!

За две години, НУЛА исполнети ветувања во земјоделството“, додава Кузеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1bt4smd6t3fj0PrtIRF

„Рудник во Иловица нема да има, народот ќе ви каже 'не'“ – Тренчевска со предупредување до власта

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryoectsngc9te1a174i6K

„Ние ја прокоцкавме шансата, Венко и ботовите не сфаќаат ништо“ – ексфункционерот Кичевски со жестоки критики кон СДСМ

Коментари | пред 1 ден

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

СДСМ: „Вучиќ управува со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, следуваат разврски во Србија“

Македонија | пред 1 ден

media-library6uepkmu2hnji14N3sL5

Лукаревска: Вториот ребаланс е потврда за погрешното планирање и погрешните економски политики на власта

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања