Кузеска: АВМУ работи под диктат, краде минути од партиите во корист на ВМРО ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

— реклама —
ВМРО ДПМНЕ никако да се одвикне да злоупотребива државни институции и органи за лична и партиска корист. Последниот пример е одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со којашто партијата ВМРО ДПМНЕ спротивно на Законот е ставена во повластена положба, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

— реклама —

— реклама —
Ставајќи се целосно во партиска служба, директорот на Агенцијата назначен од ВМРО ДПМНЕ, Зоран Трајчески, не го почитува законот и известувањето на ДИК за распределба на медиумски простор за двете најголеми опозициски партии.

Иако во описот се вели дека 6 минути им припаѓаат на двете најголеми опозициски партии, кои на последните избори за пратеници имаат освоено повеќе гласови, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги им наредува на медиумите да ги распределат сите 6 минути единствено на ВМРО ДПМНЕ.

Во ваков случај на Движењето Беса кое во коалиција со СДСМ му се нанесува штета.

Агенцијата под контрола на ВМРО ДПМНЕ го игнорираше обраќањето на ДИК до Движењето БЕСА да изготви план за медиумско претставување и тоа не ја спречи агенцијата да издаде наредби спротивно на Изборниот Законик.

ВМРО ДПМНЕ е навикната да ги контролира медиумите и сиот простор да биде за нив.

Остатоците од режимот со последни сили се обидуваат на секој начин да се спасат колку можат. Уште не почнат, ризикуваат да загрозат демократски изборен процес, со што и нанесуваат штета на државата и евроинтегративниот процес.

Затоа на 15 јули овие режимски злоупотреби, деструктивност и неодговорност, ќе бидат казнети од граѓаните, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања