Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Кузеска: Има сериозни сомневања дека ВМРО-ДПМНЕ со црни пари финансира медиуми за да шират кампања против ЕУ и НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
21_2_2020_pres_Bogdanka_Kuzeska

Факт е дека постојат сериозни сомневања објавени во словенечки  медиуми,  дека извршителот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски со црни пари финансира партиски мегафони со цел да шират антидржавна медиумска кампања - кампања против членството на Република Северна Македонија во НАТО, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Факт е дека постои истражување според коешто сума од два и пол милиони евра завршила во телевизија Алфа и во три интернет портали Курир, Лидер и Нетпрес, сите познати по ширењето лажни вести и манипулации.

Факт е дека тоа се истите медиуми коишто режимот на Груевски со години ги финансираше со државни пари за да го одржуваат на власт.

Факт е дека СЈО има отворена истрага под име „Пропаганда“ во којашто осомничените функционери на ВМРО ДПМНЕ користеле народни пари за поткуп на одредени медиуми и за уредување вести.

— реклама —

Факт е дека преку штанцање лажни вести целта е да се брани криминалот на режимот и да се работи против членството во НАТО.

Потсетуваме, според истражувањето,  црните пари од Унгарија, медиумите на Мицкоски имаат задача да го поткопуваат Преспанскиот договор и антидржавно да делуваат во евроинтегративните процеси.

— реклама —

Од оваа прес конференција уште еднаш ги повикаме институциите да постапат по објавените информации за нелегални пари кои завршуваат во овие медиуми. Ние сме правна држава и законите мора да важат за сите подеднакво.

Како одговорна и демократска партија, СДСМ е посветен на унапредување на слободата на говорот и слободата на медиумите, но, истовремено и на борбата против лажните вести, како и сомнителното финансирање на медиуми, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

— реклама —

фото и Видео: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања