Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Кузеска: Лагите на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ не минуваат, нема ниту ќе има преговори за македонскиот јазик и историја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Pres-Bogdanka-Kuzeska

Во ВМРО ДПМНЕ ништо ново. Ништо не се менува. Нова година, едни исти невистини, исти дезинформации, исти манипулации.  Како на Христијан Мицкоски да не му беше доволно, што во клучни моменти за државата излезе пред јавноста и без срам лажеше дека државата се распарчувала, дека се погазувала македонската држава, лажеше дека се погазувала македонската историја, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. 

— реклама —

Кузеска додаде:

— реклама —

Како тоа да не беше доволно па сега лажат дека се загрозувал македонскиот јазик, ја плашат јавноста со наводни анекси и бараат нов Договор што е спротивно на државните позиции.

На почетокот на годината од Белата палата слушаме една иста расипана плоча, едни исти лаги кажани 100 пати.

Колку пати и да излажат, нивната лага нема да стане вистина.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, партијата потврден извор на лажни вести, партија која знае само за лаги, деструкции, блокади и антидржавно дејствување.

Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ точно знаат дека за македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја не се преговара, ниту воопшто некогаш ќе се преговара, но тие свесно одлучуваат да ги лажат граѓаните.

Тоа им е јасно на сите, јасно му е и на Мицкоски, но тој мисли само на својата лидерска позиција и затоа свесно бира да лаже.

Лагите на Мицкоски и на малкутемина околу него, не поминуваат. Нивните лаги се разобличени и се шест пати казнети од граѓаните. За секоја една лага, Мицкоски се соочи со порази од граѓаните.

Колку пати ќе излажат, толку пати ќе изгубат секојпат кога ќе ја побараат довербата од народот.

Со вакво антидржавно и антинародно однесување, со лаги и деструкции, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго остануваат опозиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања