Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Кузеска: Мицкоски математички прецизно да пресмета колкава е разликата од 8.160 до 100.000 невработени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

И во време на здравствена и економска криза, Христијан Мицкоски знае само за лажни вести и деструктивност. Последната лага на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е дека поради кризата со коронавирусот 100.000 лица останале без работа. Оваа лага е официјално демантирана од институциите, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

— реклама —

— реклама —

Агенцијата за вработување вчера соопшти дека од 13 март, денот кога започнаа превентивните мерки, па до 30 април, невработени станале 8.160 лица.

— реклама —

Од нив, повеќе од половина, односно 4.279 лица останале без работен ангажман поради истек на договор на определено време. Тоа е огромна разлика од лагите на Мицкоски.

Мицкоски, кој вели дека е добар математичар, може да каже математички прецизно колкава е таа разлика. Мицкоски нека пресмета и нека каже колку илјадници работни места тежи неговата лага?

Колку е разликата од 100.000 до 8.160?

Не му е првпат на Мицкоски да шири лажни вести и невистини. Исто така Мицкоски лажеше и дека имало само 100 теста за коронавирусот, а оттогаш се направени илјадници тестирања. Ако Мицкоски се дрзнува да лаже и манипулира со бројки кои се лесно проверливи, може да претпоставиме за што сè излажал и за што сè е подготвен да излаже.

И покрај тоа што нивните лаги секогаш се официјално демантирани, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од пласирање на лажни вести.  Тоа е нивниот единствен начин на делување.

За таквото нивно неодговорно, несовесно и несериозно оценката ќе стигне од граѓаните. Нивните лаги и деструкции повторно ќе бидат поразени, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

видео: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања