Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Кузеска: Наќе Чулев поттикнува ургенции и го руши интегритетот на МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Pres-Bogdanka-Kuzeska

Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ прават се' да ја држат земјата во неизвесност и да создадат политичка криза, затоа што се исплашени од изборно соочување. Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ знаат дека нивното крајно неодговорно, несериозно и незрело однесување, посебно за време на тешката криза поради коронавирусот, ќе биде казнето од граѓаните и Мицкоски ќе остане запаметен како политичар кој се обидува да профитира врз здравјето на граѓаните, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Мицкоски лажеше дека немало доволно тестови за корона вирусот, лажеше дека над 140.000 работници останале без работа, додека истовремено вежбаше во затворени теретани и во групи се качуваше на Водно.

За сето тоа време, на техничкиот министер Наќе Чулев поважно му беше да го одбрани својот шеф отколку да обезбеди спроведување на мерките и задолженијата за спречување на пандемијата.

Како во времето на МВРО ВМРО, Мицкоски, заедно со Наќе Чулев,  ја злоупотребија МВР и целосно ја ставија во служба на партијата, спроведувајќи штетни насоки.

— реклама —

Последен доказ за незрелото однесување на Мицкоски и неговите кадри во преодната влада е синоќашната изјава на Чулев дека секој можел да се јавува кај вработени во МВР и да врши притисок за отворени истраги.

Со таквата изјава Чулев го поткопува интегритетот на вработените во МВР и поттикнува ургенции и притисоци. Ова е уште повеќе опасно ак се има предвид дека Мицкоски не е било кој туку предводник на политичка партија.

— реклама —

Уште еднаш по којзнае кој пат се потврдува дека за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ најважни се личните агенди и теснопартиските интереси.

Таква деструктивност е недозволива. И токму затоа, изборите се решение, а не проблем.

— реклама —

Со ново Собрание и со нова политичка Влада, со целосен легитимитет, институциите целосно ќе бидат посветени на почитување на законите и заштита на здравјето на граѓаните - особено во период кога се олеснуваат мерките и кога сите треба да се подготвуваме за новиот бран на коронавирусот наесен.

Здравјето и квалитетот на живот на граѓаните се најважни и затоа е потребен целосно функционален демократски институционален систем, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања