Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби, се покажа дилот, сè е договорено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarybungj1i5d2e86ughnyJ

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Политичкиот дил ВМРО-ДУИ со Груби веќе на сите им è јасен, граѓаните знаат што се случува. Разоткриенo е секое делче од ова договорено сценарио. Од режираната претстава на границата, со наочари и насмевка. Преку пречекот со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола ВМРО преку Орбан, па се до одредувањето на куќен притвор од обвинителството и сдуството под контрола на ВМРО-ОКГ, вели Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ

„Сакајќи да се исперат од скандалозна одлука за одредување куќен притвор Обвинителството директно го закопа Христијан Мицкоски.

— реклама —

Вчера, Обвинителството соопшти дека МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка дека Груби „не бил безбеден“ во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.

Истиот ден, излезе директорот на затворот Шутка, Бобан Утковски, го демантираше Обвинителството и рече дека ниту МВР ниту АНБ „не се обратиле ниту усно ниту писмено до затворот за да побараат мислење за безбедноста“.

Епа како донеле одлука во Обвинителството?

— реклама —

Има ли подобра потврда од ова тврдење дека сè е договорено и дека јавноста само се лаже и се замајува?

Сè е јасно.

— реклама —

Затоа обвинителството и судството беа ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, за што СДСМ со месеци говори.

Тоа го имаме како потврда и за овој случај. Кои обвинители постапуваа во предметот и кој го предложи куќниот притвор за Груби?  Предметен обвинител е Даниел Коцев, а негов шеф на Скопското Обвинителство е Анел Фидоски, кој беше избран на оваа функција на 20 јануари 2026 година.

Сè е јасно, сè е договорено, смислено сценарио.

— реклама —

Можеби ваквите сценарија им поминуваа со години наназад, но повеќе не поминуваат – разоткриени се.

Граѓаните гледаат и знаат сè. Одговорност ќе има“, вели Кузеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања