Кузеска: Протестите што денеска ги најави, се последните обиди на Мицкоски за спас на неговата фотелја во Белиот дворец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kuzeska

Протестите што денеска ги најави, се последните обиди на Мицкоски за спас на неговата фотелја во Белиот дворец, истакна портпаролка на СДСМ, Богданка Кузеска.

— реклама —

„Очаен и фрустриран од третиот последователен пораз од граѓаните, тој повторно ќе ги малтретира своите сопартијци по улиците како што тоа го правеше и претходно по секој пораз“, нагласи таа додавајќи дека загриженост за струјата глуми оној кој ја поскапил 100% и ја укинал евтината тарифа.

Кузеска посочи и дека Мицкоски ќе протестира против правдата која доаѓа и европскиот пат на земјата.

— реклама —

„Но тој пат го избраа граѓаните, поразениот од народот, не може да се повикува на народот“, рече партиската портпаролка која додаде и дека Мицкоски нема поддршка од граѓаните и затоа нема да успее во своите намери.

Според Кузеска, кога веќе ги најавува протестите, Мицкоски треба да каже и кој ја платил логистиката за нивно одржување.

„Орце Камчев или Никола Груевски? Или математички прецизно, ќе го сторат тоа по принципот 50-50“, запраша таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања