Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Кузеска: Создадовме ефикасна Влада со 7 министри помалку

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
20-08-2020-Kuzeska

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за усвојување на Договор за коалицирање со политичката партија ДУИ. Обезбедено е парламентарно мнозинство и нова Влада која во полн четиригодишен мандат ќе ги реализира програмските определби и принципи околу кои сме обединети, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Создадовме Влада која ќе им служи на граѓаните и ќе ги следи нивните потреби, ефикасна Влада која ќе има 7 министри помалку за уште поефикасна работа во интерес на граѓаните и државата.

— реклама —

Новата Влада предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е составена од одговорни, чесни, отчетни и професионални кадри кои посветено ќе работат на реалзиација на зацртаните програми во своите ресори.

Мандатот од 4 години е период во кои ќе гледаме како државата во сите сегменти се трансформира на подобро.

— реклама —

Следува посветена работа на јакнење на економскиот стандард, зголемување на платите и пензиите, отворање на нови работни места и привлекување на нови странски инвестиции.

Уште повеќе и уште подобро ќе инвестираме во јавното здравство за уште поефикасна борба против коронавирусот.

Следува прочистување на судството, но и проверка на потеклото на имотот и парите на функционерите.

— реклама —

Во новиот мандат, продолжуваме со имплементација на Договорот од Преспа со Грција, договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија како договори кои обезбедија членство во НАТО и водат до интеграција кон ЕУ, но и реализација на Охридскиот Рамковен Договор.

Како одговорна партија, СДСМ се води исклучиво од интересите на граѓаните и државата. Тоа го покажавме во претходниот скратен мандат, тоа ќе го покажеме и во новиот, полн четиригодишен мандат.

— реклама —

Ќе работиме уште повеќе, за да биде уште подобро за сите, истакна Кузеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања