Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Кузеска: Српска или руска странски служби за Груби кажале, па ова е веќе циркус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryi1tjglj1j3c5ap6wUDn

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Сè што досега кажа Мицкоски и ВМРО-ОКГ се покажа дека е голема лага. Тетарот и режираното сцанарио со Груби веќе стана циркус. Обвинителството под контрола на Мицкоски го правдаше скандалозното одредување куќен притвор за Груби со безбедносна проценка дадена од МВР и АНБ, вели Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

„Не бил безбеден и затоа морале да одредат куќен притвор.

Истиот ден, директорот на затворот Шутка, инаку кадар на ВМРО-ОКГ, го демнатираше обвинителството. Според него ниту АНБ ниту МВР не дошле и не направиле проценка.

Мицкоски вчера, јавно, на телевизија рече дека тоа биле класифицирани информации, доверливи и не може да се соопшти.

Имал чувство.

— реклама —

Сега излегуваат информации дека „странски служби“ јавиле и тоа уште пред една година и дека безбедносна проценка воопшто не била направена од АНБ и МВР.

Само не кажаа која, дали српска или руска странска служба?

Ако нема проценка од АНБ и МВР како Обвинителството донело одлука за куќен притвор?

Ако нема проценка од АНБ и МВР како Мицкоски вели дека „тоа било класифицирано“.

Или неговите лаги почна да ги третира како класифицрани?

— реклама —

Циркус.

Нема посилна потврда од ова дека сè е договорено и смислено.

Се измислуваат нови лаги, се прави дефокус за да се покрие сценариото, дилот којшто го направиле.

Претстава на граница, доаѓање со наочари, со насмевка, само уште црвен килим недостасуваше.

— реклама —

Пречек со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола на ВМРО преку Орбан.

Одредувањето куќен притвор од обвинителство и судство по контрола на ВМРО ОКГ.

Има, па нема безбедносна проценка. Дале проценка АНБ и МВР па не дале.

Сега странски служби. Недостастуваат уште „жолтите комбиња“ и сликата да била комплетна. Циркус Медрано како што велеше Гордана Јанкуловска.

Ова почитувани го разобличува целото режирано сценарио, целокупниот театар.

— реклама —

Мицкоски прво разрешува и поставува нови обвинители на телевизија, во живо во емисија, а сега повторно во емисија најавува што ќе зборува Груби и што ќе прави обвинителството.

Кому веќе не му е јасно дека Мицкоски, покрај тоа што ги уредува 40% од медиумите што преку Орбан ги има под контрола, управува и со обвинителството?

Сè е договорено.

Граѓаните не се глуви и не се слепи, гледаат и знаат се.

Имаме чувство Мицкоски“, вели Кузеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања