Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

„Ла верита“: Филипче се согласил за кинеските вакцини ризикот да биде на наш грб

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dokument

Италијанскиот весник „Ла верита“ во денешното продолжение за скандалот за тоа како Македонија ги набавувала кинеските вакцини, ги објавува писмата на македонскиот министер за здравство Венко Филипче до кинескиот производител на вакцини „Синофарм“, но преку една компанија од Хонг Конг формирана во 2017 година. Оваа фирма „Стабри“, е сосема друга од она што премиерот Зоран Заев го изјавуваше деновиве, дека се работи за компанија блиска до „Синохидро“ чија компанија мајка е „Пауер Чајна“.

— реклама —

Во писмото на министерот Филипче испратено на 25 јануари до кинеската компанија „Синофарм“ се вели дека ја ослободува компанијата, односно Кина, од каква било одговорност од евентуални негативни последици од употребата на вакцината. Ова, според „Ла верита“, е спротивно на многу меѓунариодни конвенции и претставува кршење на основната институционална мисија, а тоа е заштитата на здравјето на своите граѓани.

„Веќе е јасно дека лани во декември Кина добила барања, речиси во исто време, и од Македонија и од Црна Гора. Фактот што само вториве успеале да добијат вакцини, ни кажува дека со Скопје и комунистичкиот режим во Пекинг има мака да најде модалитет за соработка, со цел да биде заштитен од евентуални критики поврзани со менаџирањето на т.н. здравствена дипломатија“, пишива новинарот на „Ла верита“ Џовани Каподистрија.

— реклама —

Вчера италијанскиот весник пишуваше дека причина за враќање на авансот платен од Македонија од страна на кинеската држава е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом посредничка фирма, со седиште во Хонг Конг, која немала стабилни темели, но имала големи финансиски депозити во германската „Дојче банк“.

Извор/фото:Агенции

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања