Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Ла Верита: Командант од УЧК му донел 5.000 гласови на Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev

Документите што се однесуваат на снимените разговори помеѓу лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговите соработници, поднесени во овинителството во Скопје, укажуваат на сенката на експаравојниците од УЧК кои исто стојат зад евентуалната купопродажба на гласови за која македонските обвинители започнаа со истраги во 2014 година.

Во неколку извадоци од документот има и телефонски разговор помеѓу Захир Беќири – Чауш, кој го советува Заев да исконтактира со екскомандантот на УЧК Изаир Самиу Баци, кој живее во Тетово. Според Чаушот, паравоениот командант можел на СДСМ да му донесе 5.000 гласови. Чауш има директен пристап до шефот на СДСМ, бидејќи во тоа време се сметал за еден од неговите најблиски соработници во сферата на безбедноста. Неговото влијание почнува да опаѓа кога за време на претрес во 2016 година полицијата наоѓа кај него дома околу 30.000 лажни документи меѓу кои пасоши и лични карти, објави vesnik.com.

— реклама —

Според тоа што стои во документите, Беќири го информирал Заев дека Изаир Самиу Баци може да му биде од помош, и подвлекол дека неговото присуство може да му овозможи придобивање на дел од албанските гласачи во однос на лидерите на ДУИ и ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, коишто ќе се уплашеле од командантот Баци.

— реклама —

Командантот на УЧК, пишува „Ла верита“ учествувал во воениот конфликт во 2001 г. во Македонија, а американската администрација го смета за еден од најопасните луѓе на Балканот. Тој долго време се наоѓал на црната листа на САД, содржана во National Emergency Act, составена од луѓе кои претставуваат опасност за стабилноста на Западен Балкан со тоа што поддржуваат екстремистички движења.

 

Текстот во целост на: vesnik.com

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања