„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Ла верита“: Венециската комисија ќе го сопре Заев да го замени македонскиот јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Zaev-1

По написите во „Ла верита“ летово за неспорните докази за корупција во Владата, во Македонија почнува да се урива ѕидот на прикривањата на делата и стравот што ја гушеше нацијата. Многу бизнисмени сe oхрабија да го пријават уценувачкиот систем формиран за време на владеењето на Зоран Заев, кој од ден на ден има сѐ поголеми потешкотии во однос на контролирање на настаните што се акумулираат на какафоничен начин, пишува италијанскиот весник по повод објавувањето на не сѐ уште неофицијалниот извештај на Венециската комисија за Законот за употребата на јазиците во Македонија, објави мкд.мк

— реклама —

Пренесуваме делови од овој напис на Ларис Гајзер:

„Последниот удар на сега веќе речиси минималниот меѓународен углед на Зоран Заев доаѓа од извонредно демократската институција на стариот континент, од Венециската комисија. Официјално номинирана како европска Комисија за демократија преку правото, таа е орган на Советот на Европа формиран од независни експерти од повеќе држави.

— реклама —

Среде корупцискиот скандал, Заев од Венециската комисија побара да го провери функционирањето на владеењето на правото во Македонија и да го оцени Законот за двојазичност донесен во 2018. Со овој закон албанскиот стана еднаков со македонскиот јазик, иако албанскиот етникум е малцинство во државата. Овој закон ја зацврсти коалицијата со албанската партија ДУИ со која Заев успеа да дојде на власт во 2017. Но, токму тоа беше првиот чекор за социо-политичката деконструкција на Македонија и на принудната промена на името. Македонија да се направи и албанска држава... како начин за олеснување во спроведувањето на потенцијалното регионално сценарио базирано на Голема Албанија. Ова сценарио, овие денови, со победата во Косово на Албин Курти, поддржувач на обединувањето со Албанија, станува сѐ пореална стратешка опција во многу кабинети.

Текстот во целост на: мкд.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања