ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ меѓународно оценета со максимален успех на надворешниот тест на компетентност за детекција на SARS-CoV-2​ ​

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
filipce-1

Лабораторијата за вирусологија при Институтот за јавно здравје го помина со максимален успех надворешниот тест на компетентност за детекција на SARS-CoV-2, спроведен од Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ).​ Ова е исклучително значајно признание со кое се потврдуваат заложбите на здравствениот систем за справување со вирусот КОВИД-19.​

— реклама —

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, вчера ги посети вработените во Институтот и им честиташе за успехот.

— реклама —

„Неодамна, експертски тим од Светската здравствена организација ја прогласи лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институтот за јавно здравје за национален инфлуенца центар и рамноправен член на глобалниот систем за надзор и одговор на грип. За таа цел, експертскиот тим спроведе мисија за проценка и верификација на капацитетите на лабораторијата. Сето ова е уште една потврда за квалитетот на резултатите кои произлегуваат од лабораторијата на Институтот за јавно здравје, заедно со конфирмацијата на резултатите од референтната лабораторија на СЗО за детекција на SARS-CoV-2 – Шарите од Берлин, Германија“, изјави министерот Филипче.

Инаку, лабораторијата за​ вирусологија е опремена со високо софистицирана опрема и современи и валидизирани реагенси и тестови, а воедно е кадровски екипирана со искусен и добро обучен персонал.​

За потсетување, оваа лабораторија​ е​ референтна лабораторија во земјата за детекција на вирусни заболувања, вклучувајќи​ грип, морбили и рубеола, арбовируси (западно нилска треска, усуту вирус, вирус на крлежен енцефалкит, ЗИКА, вирус на рифт валеј треска и др), како и вируси на хеморагични трески - хантавирус, кримско-конгоанска треска и други.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања