Лагард: Централните банки треба да размислат за издавање дигитални валути

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, рече дека централните банки ширум светот треба да размислат за издавање дигитална валута.

— реклама —

Во говор во Сингапур, Лагард рече дека ова би можело трансакциите со дигитални валути да ги направи побезбедни.

— реклама —

Неготовинските плаќања се зголемија во текот на годините, со што се зголемија и предизвиците за владите и централните банки. Регулаторите изразија загриженост поради дигиталните валути и повикаа на поголем надзор.

— реклама —

– Верувам дека треба да ја разгледаме можноста за издавање дигитална валута. Може да има улога за државата да обезбеди пари за дигиталната економија, изјави Лагард во својот говор на конференција во Сингапур.

– Предноста е јасна. Вашата исплата ќе биде веднаш, сигурна, евтина и потенцијално полуанонимна … И централните банки ќе задржат сигурна основа во плаќањата, рече Лагард и додаде дека централните банки на Канада, Кина, Шведска и Уругвај „сериозно размислуваат” за предлози за дигитални валути.

Виртуелна валута издадена од централна банка би била обврска на државата, како што се готовите пари,  не на приватна фирма. Според Лагард, тоа би ги направило трансакциите посигурни и почести, а со тоа и поевтини со што би им се помогнало на потрошувачите

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања